9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавата бара заем од банките од 25 милиони евра

Државата бара заем од банките од 25 милиони евра

За 15 годишна обврзница, едногодишни и шестмесчни државни записи, Министерството за финансии очекува денеска од домашните банки и осигурителни компании да собере 25 милиони евра, или околу една милијарда и 500 милиони денари.

Во календарот за домашни задолжувања на Министерството за финансии, за третиот и четвртиот квартал, пишува дека следува раздолжување, но за сума многу помала од онаа за која денеска се задолжува министрството, или околу 7,8 милиони евра.

Од она што може да се забележи по бројот на аукции е дека новата власт го скратила бројот на домашни задолжувања. Месечно се предвидени во просек по два заеми. До крајот на месецот е предвидено уште едно задолжување на 18 јуни, а до крајот на годината уште вкупно 11 заеми за различни износи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП