5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОвој мал уред го претвора вашиот смартфон во далечински управувач (видео)

Овој мал уред го претвора вашиот смартфон во далечински управувач (видео)

Тоа што е заедничко кај повеќето современи домашни уреди, како што се телевизорот, клима-уредот или приемникот за кабловска телевизија, е далечинскиот управувач.

Често ни се јавува потреба сите тие апарати да ги контролираме со еден управувач. „KlikR“ е уред со големина на монета кој тоа го овозможува.

Се што е потребно да ја „намалите“ вашата колекција на далечински управувачи е да го приклучите „KlikR“ на било кој домашен уред, а потоа да ја исталирате неговата апликација на паметен телефон.

Апликацијата, по активирањето, сама ги препознава уредите и се поврзува со нив. Корисникот може сам да го одредува распоредот на командите и да доделува функции по желба.

Доколку телефонот заѕвони, „KlikR“ сам ги намалува уредите со кои „командува“ со цел корисникот да може да го изврши разговорот.

Цената на овој интересен уред е само 20 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП