7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSkoda ja произведе 6-милионитата Octavia

Skoda ja произведе 6-милионитата Octavia

Уште едно импресивно достигнување запиша чешкиот производител „Skoda“. Најпопуларниот модел на марката – „Octavia“, ја помина границата од 6 милиони произведени примероци.

Предложениот модел се произведува уште од 1996-та година и се стекна со огромна популарност во целиот свет. Јубилејниот автомобил слезе од производната лента на фабриката во Млада Болеслав.

„Ниту еден од автомобилите на „Skoda“ не се произведува во таков обем како „Octavia“. Тоа е срцето на нашиот бренд со што одлично се демонстрира ефикасноста на процесите на производство и логистика во компанијата. Токму „Octavia“ ја одигра најважната улога во растот на продажбата на „Skoda“ на светските пазари“, коментира Михаел Оелклаус, член на Одборот на директори на компанијата задолжен за производството и логистиката.

Само во мај од „Skoda Octavia“ на пазарот во Европа беа продадени 21.503 примероци, што е раст од 6,8%. Така чешкиот модел го зазема 8-то место на листата по продажба на Стариот континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП