14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБКМ: Одлуката на Собранието на ИСОС за вршење на сметководствени работи е...

БКМ: Одлуката на Собранието на ИСОС за вршење на сметководствени работи е спротивна на законот

Бизнис Конфедерација на Македонија-БКМ во рамки на интерно советување со членовите на управниот одбор на организацијата  и во соработка со Адвокатското друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешоска- ДДК  изготвија  толкување и мислење по сонов  актот за висина на минимални трошоци за вршење на книговодствени работи и надоместок за сметководствени услуги предложен од Институтот за сметководители и овластени сметководители.

Врз основа на правна анализа на Одлуката за донесување на акт за висина на минимални трошоци за вршење на книговодствени работи и надоместок за сметководствени услуги донесена на 19.05.2017 година од страна на Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ а која стапува на сила на 01.07.2017 година несомнено произлегува следново:

  • Одлуката е спротивна на Законот за вршење на сметководствени работи и Статутот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ (ИСОС). Имено, ниту ИСОС како тело, ниту пак Собранието на ИСОС како највисок орган на ИСОС, нема законско овластување и правен основ за утврдување и наметнување на обврска за примена на минимална цена на сметководствени услуги. Во воведот на незаконитата одлука, стои дека истата е заснована на член 7 од Законот за вршење на сметководствени работи, кој член прецизно и јасно ги дефинира надлежностите и овластувањата на Собранието на ИСОС и во делокругот на надлежностите на Собранието на ИСОС овој член не предвидува овластување на Собранието за утврдување на минимални цени на сметководствени услуги!!!!  Понатаму незаконитата Одлука за повикува на член 31 став 14 од Статутот на ИСОС како основ за да Собранието ја донесе оваа одлука, а член 31 став 14 од Статутот, воопшто не се ни однесува  на овластувања на Собранието на ИСОС туку на задачи на Управен одбор на ИСОС!!!

Законот за вршење на сметководствени работи, не дава основ за утврдување на минимални цени за услугите ниту на ИСОС ниту на други субјекти. Уште повеќе во интерес на заштита на сметководитсвената фела,  законот не дозволува слобода на ИСОС во определување на било какви тарфници и цени, дури и кога станува збор за  тарифниците од страна на ИСОС за кои има законски основ  да ги утврдува ( како што се чланарина, цена на лиценца итн.) и за таквите тарифници Законот  во член 7 став 5 предвидува дека Владата на РМ дава согласност за тарфниците на ИСОС.  Законот со условување на  правото на ИСОС да определи тарифник за членарина и лиценца,  со согласност од Влада предвиден механизам да ги штити професионалните смедководители од евентуално неразумно определување на цени и критериуми од страна на ИСОС за членување во ИСОС или стекнување лиценци.  Повторно напоменуваме Законот воопшто не дава овластување за цени за сметководствени услуги и дури со промена на законот да се редвиди таква опција секако дека тоа би било со согласност на Влада а не во слободна оцена на ИСОС!!!

  • Одлуката не само што е спротовна на Законот за вршење на сметководствени работи туку истата е спротивна на прописите за заштита на конкуренцијата, кои строго забрануваат било какво однесување на поединци или здруженија кое е насочено кон фиксирање на цени или утврдување на најниски цени за производи и услуги што има негативен ефект за потрошувачите и ја нарушува конкуренцијата. Во услови на фиксирање на цени или договарање на најниска цена, не само што се нарушува конкуренцијата и се оштетуваат клиентите, туку таквото однесување негативно се одразува на подигање на квалитетот на услугите кога без оглед на квалитетот постои загарнтирана минимална цена!!!

Заштитата на конкуренцијата не е насочена кон заштита на   трговците од различни цени, туку напротив кон заштита на потрошувачите од фиксни цени, бидејќи во услови  на  фиксни и најниски цени нема конкурентност  на поле квалитет. Сметководствената дејност не е јавна дејност како адвокатура или нотаријат за да има утврден тарифник.

Каква конкуренција би имало во Македонија и што би трпеле потрошувачите доколку сите професионалци, како на пример архитекти, занетчии, ИТ инжењери,   кои исто имаат професионални здруженија, одлучат да утврдат тарифник за нивните услуги и уште повеќе го наметнуваат како задолжителен под закана за губење на лиценца или плаќање на казна.

Сметаме дека ИСОС треба  веднаш да ја преиспита одлуката пред истата да стапи на сила, а во спротивност таквата одлука ќе предизвика огромна штета на пазрот и за клиентите и за сметководителите особено ако се имаат во вид инструкциите на ИСОС дека од 01.07.2017 година треба сметководителите да ги менуваа постоечките договори со своите клиенти и да наметнат повисоки цени каде што цената не е  во согласност со тарифникот . Спроведувањето на предложениот акт на ИСОС  може да резултира со раскинување на договори, плаќање на договорни казни, оставање на клиенти без сметководител а кој мора да го има по закон….и зголемени трошоци за водење на бизнис и огромно нарушување во бизнис опкружувањето.

БКМ апелира до деловната заедница, да размисли и да преоговара за новите услови  за услугите за сметковотствени работи опишани во анекс договорите подготвени од страна сметководителите.

Бизнис Конфедерација на Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП