18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилијардер може да направи 12 милијарди долари од една зделка

Милијардер може да направи 12 милијарди долари од една зделка

Инвеститорот Ворен Бафет може да заработи 12 милијарди долари со еден свој договор, пишува „Business Insider“.

Бафет инвестираше во „Bank of America“ 5 милијарди долари во 2011-та година само неколку години по светската економска криза и со нов извршен директор на чело.

Вчера Бафет најави дека има намера да превземе нов чекор со што ќе ги продаде 700-те милиони акции на банката кои ги купи по цена од 7.14 долари за готово или за околу 5 милијарди долари.

Акциите на „Bank of America“ се тргуваа вчера на ниво од 24.26 долари за готово, информира „CNBC“.

Само пред неколку дена банката го помина стрес тестот, на кој беа подложени државните банки и веднаш најави зголемување на дивидендата и планови за откуп на сопствени акции.

Квартална дивиденда се зголемува до 12 центи по акција, во споредба со 7,5 центи до овој момент, a во следните 12 месеци ќе бидат откупени акции во вредност 12,9 милијарди долари.

Дивидендите по обичните акции ќе му донесе нови 336 милиони долари на Бафет годишно, додека неговите приходи од дивидендите за привилегираните акции до овој момент изнесуваат 1,5 милијарди долари.

Бафет, кој по само два месеци ќе наполни 87 години денес поседува 76 милијарди долари, што го рангира на четвртата позиција меѓу богаташите во светот.

Неговата компанија „Berkshire Hataway“ поседува голем удел и во „Goldman Sachs“, а освен тоа е и најголемиот акционер во „Wells Fargo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП