6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИZTE ги зголемува двојно трошоците за 5G

ZTE ги зголемува двојно трошоците за 5G

Кинескиот производител на телекомуникациска опрема „ZTE“ објави дека ќе ги зголеми двојно трошоците во сферата на „5G“ мрежите од оваа година, пренесува „Ројтерс“. Ова се случува во момент во кој Кина прави чекори кон изградба на најголемата „5G“ мрежа во светот.

„ZTE“ изјави дека ќе инвестира 2 милијарди јуани (295,5 милиони долари) во истражувања и развој на „5G“ секоја година, ќе почнат од оваа. Сумата е двојно повисока од вложувањата од минатата. Покрај тоа, буџетот може да порасне во иднина, бидејќи Кина има поставено за цел да пушти „5G“ до 2020-та година, објави компанијата.

Кина и САД се натпреваруваат за лидерство во развојот на „5G“ технологијата, која ќе биде значително побрза од сегашната „4G“ мрежа. Меѓународните стандарди за „5G“ се уште не се финализирани.

Кумулативните капитални трошоци на Кина за „5G“ се очекува да се зголемат до 1,65 илјади милијарди јуани до 2025-та година, покажува прогнозата во неодамнешната студија на Министерството за индустрија и информатичка технологија. Производителите на опрема „ZTE“ и „Huawei“ ќе имаат корист најмногу од сето тоа.

„ZTE“ тврди дека во моментов има 3.000 вработени, ангажирани со истражувањата и развојот на проекти во сферата на „5G“. Портпаролот на компанијата одби да коментира дали се планира зголемување на работната сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП