7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВртоглав раст на британскиот производител на автомобили

Вртоглав раст на британскиот производител на автомобили

Откако во 2016-та продаде речиси двојно повеќе возила, отколку една година порано, британскиот производител на суперспортски автомобил објави дека профитот за истиот период забележал раст од 70%.

Претходната година ќе остане забележана како најуспешната во историјата на „McLaren“ со оглед дека ширум светот се продадени 3.286 aвтомобили. Oваа бројка можеби и не е толку импресивна, доколку „McLaren“ не ја завршеше 2015-та со само 1.654 испорачани возила.

Растот на продажбата е речиси 100% и за само една година британскиот производител му се доближи на „Lamborghini“, кој во 2016-та продаде 3.457 возила и на кој за стопроцентно зголемување на продажбата му беа потребни повеќе од 10 години.

За успехот на „McLaren“ најзаслужни се моделите од новата, „Спорт Серија“ која се покажа како исклучително популарна, па има испорачано дури 2.031 aвтомобили од овој тип. Во продажбата доминираа „McLaren 570S“ и „570GT“.

Одлична продажба забележаа и поскапите модели од „Супер Серијата“ – од нив 1.255 добија нови сопственици во 2016-та.

„McLaren“ најмногу автомобили им испорача на купувачите на северноамериканскиот пазар (1.139) со раст на продажбата од 106% во однос на 2015-та. Во Европа се продадени 996 возила (+153%), a во Кина скромни 228, што значи дека „McLaren“ има доста простор за зголемување на продажбата во 2017-та овој најголем пазар кој е во пораст.

Оваа година започна со претставување на нов модел, „720S“, кој како што велат во „McLaren“, веќе е многу баран – производителот досега има добиено околу 1.500 нарачки.

Дополнителен раст на продажбата во 2017-та ќе обезбеди и „McLaren 570S Spider“, кој дебитираше во средината на јуни, па така компанијата ќе го дочека крајот на годината со уште еден рекорден продажен резултат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП