18 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИUber ja помина границата од 5 милијарди патувања

Uber ja помина границата од 5 милијарди патувања

Американската компанија „Uber Technologies“ изјави дека извршила 5 милијарди пратки со својата услуга за споделено патување, а границата е помината на 20-ти мај, пренесува „Ројтерс“.

Вестите доаѓаат по серијата неуспеси за „стартапот“, вклучувајќи го заминувањето на главниот извршен директор Тревис Каланик во текот на минатата недела.

Според „The ​​Verge“ покрај скандалите во кои се вмешаа поради Каланик и покрај фактот дека стотици луѓе ја избришале апликацијата, услугата продолжува да ужива исклучителна популарност. Тоа, пак, е добар сигнал за компанијата, бидејќи нејзиниот основен производ останува стабилен.

Всушност веста за 5-те милијарди пратки беше објавена помалку од една година откако „Uber“ се пофали со 2 милијарди патувања, што значи дека на компанијата и биле потребни помалку од 365 дена за да ги зголеми повеќе од два пати патувањата.

„Uber“, која е основана во 2010-та година, изјави дека клучната граница од 5 милијарди патувања била мината благодарение на не една, туку на цели 156 патувања, кои започнале во ист момент.

„Овие патувања се случиле во 24 земји на шест континенти, во градовите како Мумбаи, Москва и Меделин“, напишаа на блогот на компанијата тројца од нејзините директори. „За еден возач среќа тоа беше негово прво патување – тој зел патник на велосипед во Џакарта, Индонезија. А шест лица пак го користеле за првпат „Uber““.

Секој од возачите поврзани со овие 156 патувања, ќе добие 500 долари од „Uber“. 2 милијарди возачи добија по 450 долари, а корисниците на услугата добија бесплатно патувања повторно за 450 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП