5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМакедонците купуваат Лада-продадени повеќе од 8.000 возила за 18 години

Македонците купуваат Лада-продадени повеќе од 8.000 возила за 18 години

Кај македонските граѓани сé повеќе расте интересот за купување возило од брендот Лада, велат од овластениот дистрибутер за Македонија, Ми-Да Гранд Моторс. Во својот продажен салон ги има моделите Лада Нива и Лада Нива Урбан.

Во Македонија се продадени повеќе од 8.000 возила Лада во досегашниот 18-годишен период на продажба. Притоа, кога станува збор за возење по лош планински терен, со кал и снег, тогаш Македонците најмногу се интересираат за купување Лада Нива. Доколку купувачот сака возило за в град, тогаш, велат од Ми-Да Гранд Моторс, ја избира Лада Нива Урбан, која поседува абс кочници, електрика на предни прозори, модернизирано подвозје, дополнителна звучна изолација, нова модерна предница и светла.

Новите автомобили се нудат по интересни и атрактивни цени или се обезбедуваат разни начини на финансирање кон купувачот. Цените, велат од Ми-Да Гранд Моторс, се многу поевтини и поприфатливи за македонскиот купувач.

Исто така, Ми-Да Гранд Моторс нуди целосен сервис за сите типови Лада кои се возат по македонските патишта. Целосен редовен сервис, со оригинални руски делови на лагер, сопственикот на Лада ќе го чини околу 50 евра.

Увозникот Ми-Да Гранд Моторс, покрај долгогодишното работење со американскиот Форд, Ми-Да Гранд Моторс работи и со шведскиот бренд Волво и рускиот автомобилски гигант Лада.

Лада Нива се произведува од 1971 година, а Лада Нива Урбан од 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП