15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкав имот поседуваат министрите во новата Влада?

Колкав имот поседуваат министрите во новата Влада?

Министерот за економија Крешник Бектеши според податоците објавени во Државната комисија за спречување корупција тежи 2 милиони евра.

Тој на свое име поседува куќа во вредност од 6.457.500 денари, градежно земјиште во износ од 73.800.000 денари, станови во Албанија и три автомобили.

 

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, поседува еден стан, една слика од Никола Мартиновски, додека нејзиниот сопруг поседува два станови во Скопје и еден во Охрид.

 

Министер без ресор, Едмон Адеми пријави вкупен имот од околу 30 илјади евра.

 

Министерот за земјоделство, Љупчо Николовски пријави имот вреден околу 110.000 евра. Во анктениот лист, на име на неговото семејство пријавил куќа, земјоделско земјиште, двор и пасиште во Крива Паланка, додека на негово име има кредит од 10 илјади евра.

 

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски поседува имот од 25.000 евра, а има и кредит од 14.000 евра. Не поседува недвижности, а е сопственик на градежно земјиште.

 

Министерката без ресор Зорица Апостолска поседува имот во вредност од околу 400.000 евра. Нејзиниот брачен другар поседува куќа од 16.600.000 денари, стан во Скопје, куќи во Ресен и Ростуше.

 

 

Целиот владин кабинет има само уште еден ден да ги пополни анкетните листови и да ги достави до Државната комисија за спречување на корупцијата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП