27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Паспорт Индекс“: Со македонски пасош без виза во 108 земји

„Паспорт Индекс“: Со македонски пасош без виза во 108 земји

Според годишната ранг-листа на „Паспорт Индекс“ (Passport index), со македонски пасош без виза може да се патува во 108 земји, што ја рангира Македонија на 40. место во светот, пренесува Агенцијата Анадолија.

Според листата, најценет пасош имаат Германија и Сингапур и со нив може да се патува без виза во 159 земји. По нив следуваат Шведска и Јужна Кореја (158 земји), треторангирани се Данска, Финска, Италија, Франција, Шпанија, Норвешка, Велика Британија, Јапонија и САД (157), на четврто место се Луксембург, Швајцарија, Холандија, Белгија, Австрија и Португалија (156), петти се Малезија, Ирска и Канада (155), шести Грција, Нов Зеланд и Австралија (154), седми Малта и Исланд (153), осма е Унгарија (151), на деветтото место се Словенија, Словачка, Полска, Литванија, Летонија (150), а на десеттото место е пасошот на Естонија (149).

Во соседството и во поширокиот регион, најценет пасош имаат граѓаните на Грција (6. место) кои без виза можат да патуваат во 154 држави, потоа следува Словенија (9. место), а по неа најдобро рангирани се Бугарија и Хрватска на 14. место, со чии пасоши може да се влезе во 144 земји, 37. е Србија (112 земји), на 43. место се Турција и Црна Гора (105), 47. е Босна и Херцеговина (101) и 48. Албанија (96), а според ранг-листата, последното место од регионот го зазема Косово, со чиј пасош може да се патува во 41 држава.

На дното на листата на „Паспорт Индекс“, на која се рангирани 199 земји во светот, се наоѓаат Авганистан, Пакистан и Ирак, со чии пасоши може да се патува без виза само во дваесетина држави.

Arton Capital’s Passport Index е онлајн интерактивна алатка којашто ги собира, ги прикажува и ги рангира пасошите во светот.

Се работи за глобално рангирање на пасошите, ажурирано во моментот кога се објавуваат новите промени во однос на визите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП