26 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar го откри најбрзиот и најмоќниот модел во историјата (фото+видео)

Jaguar го откри најбрзиот и најмоќниот модел во историјата (фото+видео)

Компанијата „Jaguar“ официјално го претстави најбрзиот и најмоќниот автомобил во својата историја – специјалната верзија на седанот „XE“, која го добила додаток „SV Project 8“ кон името. Пред публика машината ќе се појави за прв пат за време на Фестивалот на брзината во „Гудвуд“, Велика Британија.

Седанот е опремен со 5,0-литарски V8 мотор со компресор, кој развива моќност од 600 КС и 8-степен менувач „Quickshift“ која менува брзини за 200 милисекунди и пренесува 75% од вртежниот момент на задната оска. Оваа комбинација овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,3 секунди и развива максимална брзина од 321 км/ч.

Моторот во чиј развој учествувале експерти од делот „Jaguar Land Rover Special Vehicle Operations“, е во комбинација со систем за погон на четири тркала. Возачот има на располагање три режими – „Normal“, „Default“ и „Track“, а кај последниот електрониката сама ги активира оптималните подесувања на агрегат, преносот и управувачот за оптимално брзо возење.

Само 25% од конструкцијата на „Jaguar XE“ во верзијата „SV Project 8“ е иста како онаа на стандардниот модел. За дел од каросеријата е користен алуминиум, а предниот и задниот браник, како и капакот на одделот на моторот, се направени од карбон. Намалувањето на телесната тежина е постигната благодарение и на уникатните 20-инчни бандажи од алуминиум и издувниот систем од карбон.

Освен тоа „Jaguar XE SV Project 8“ е опремен со електронски управуван диференцијал со карбон-керамички сопирачки механизми и гуми „Michelin Pilot Sport Cup 2“. Суперседанот добил и доработена аеродинамика со преден сплитер, заден дифузор и масивно антикрило.

Во ентериерот на специјалниот модел се вклучени спортски волан, спортски седишта, алкантара и елементи од карбон. На местото на задните седишта е поставен каркас за безбедност.

Цената на автомобилот, кој ќе излезе во ограничена серија од 300 примероци, е 149.995 британски фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП