19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAlibaba инвестира уште 1 милијарда долари во Lazada

Alibaba инвестира уште 1 милијарда долари во Lazada

Кинеската компанија за онлајн трговија „Alibaba Group“ ќе инвестира уште 1 милијарда долари во онлајн трговецот на мало во Југоисточна Азија „Lazada Group“. Така онлајн гигантот го зголеми својот удел со речиси една третина до 83% и го зајакнува својот фокус на регионот, соопштува Ројтерс.

Соопштението за инвестицијата на „Alibaba“ излезе во момент во кој конкурентите како кинеската компанија за онлајн трговија „JD.com“ се прошири во Југоисточна Азија. Во исто време медиумите тврдат дека „Amazon“ планира влегување во регионот со население од 600 милиони лица, каде само дел од вкупната продажба на мало во моментов се врши онлајн.

Одот ја удвојува инвестицијата на „Alibaba“ во „Lazada“ по минатогодишниот договор за купување на контролен удел за околу 1 милијарди долари и е дел од напорите на компанијата да ја зголеми глобалната продажба.

„Alibaba“ имаше опција да го купи остатокот од уделите од инвеститорите во „Lazada“ 12-18 месеци по завршувањето на трансакцијата.

„Пазарите за електронска трговија во регионот се уште се релативно неразвиени и гледаме многу позитивна нагорна насока пред нас“, вели Даниел Жанг, извршен директор на „Alibaba“. „Ќе продолжиме да вложуваме наши ресурси, за да работиме во Југоисточна Азија преку „Lazada“ и да ги фатиме овие можности за раст“, додава тој.

„Alibaba“ објави дека ќе купи удели од одредени акционери во „Lazada“ со што ја проценува компанијата на 3,15 милијарди долари. Компанијата не ги објави имињата на акционерите, но во одделни изјави германската „Rocket Internet“ и шведската „Kinnevik“ потврдуваат дека ќе се разделат со останатите партиции во „Lazada“.

Минатогодишната зделка вклучуваше делумни продажби на удели од инвеститорите, вклучувајќи го британскиот оператор „Tesco“, „Rocket“ и „Kinnevik“.

„Lazada“, основана во 2012-та година, е базирана во Сингапур и оперира и во Малезија, Индонезија, Филипини, Тајланд и Виетнам. Во 12-те месеци до 31-ви март 2017-та година таа имала 23 милиони активни купувачи годишно, покажува годишниот извештај на „Alibaba“.

Акциите на „Alibaba“ поевтинија за 0,4% во трговијата пред отворањето на пазарот, а на „Rocket“ со 2,3%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП