17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin ја покажа верзијата на DB11 со мотор на AMG (фото+видео)

Aston Martin ја покажа верзијата на DB11 со мотор на AMG (фото+видео)

Британскиот производител „Aston Martin“ ја претстави официјално најновата модификација на моделот „DB11“ која добила 4,0-литарски V8 мотор на германската компанија „Mercedes-AMG“.

Моќноста на агрегатот е 510 КС, а максималниот вртежен момент достигнува 695 Nm. Благодарение на овие индикатори луксузниот автомобил со две врати забрзува од 0 до 100 км/ч за само 4,0 секунди и развива максимална брзина од 301 км/ч.

Треба да се напомене дека верзијата на „Aston Martin DB11“ со 5,0-литарски V12 мотор со 600 КС е сосема малку посупериорна во динамиката од оваа со моторот на „AMG“. Таа забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,9 секунди и крева 321 км/ч.

Причината е дека V8 моторот на Германците е помал и полесен од V12 агрегатот. Според податоците на производителот, разликата во тежината помеѓу двете возила е 114 кг. Тоа значи дека новата модификација на „DB11“ тежи околу 1860 кг.

Верзијата со мотор „AMG“ добила нов издувен систем, специјални отвори за воздух и посебен систем за ладење на картерот. Покрај тоа, новиот агрегат се потпира на специјален софтвер за да може звукот да се доближи до типичниот за автомобилите на „Aston Martin“.

На изглед моделот со германски мотор може да се познае по тонираната оптика, уникатните бандажи и двата отвори на капакот. За разлика од тоа, верзијата со V12 располага со 4 такви отвори.

Новата модификација на „DB11“ веќе може да се нарача, а се познати цените за САД. Таму тие стартуваат од 198.995 долари. За споредба – верзијата со V12 мотор е поскапа за околу 17.500 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП