20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPhilips го купува производителот на уреди за лекување на срцеви заболувања

Philips го купува производителот на уреди за лекување на срцеви заболувања

Технолошката компанија „Royal Philips“ ја купува „Spectranetics Corp.“, американски производител на уреди за лекување на срцеви заболувања, за 1,7 милијарди долари. Сето ова се случува додека холандската фирма се обидува да го зајакне својот просперитетен бизнис во областа на здравството, пренесува „Bloomberg“.

„Philips“ ќе понуди 38,50 долари по акција во готовина за компанијата со седиште во Колорадо Спрингс. Предлогот е со 27% над цената на акциите, во која „Spectranetics“ ја заврши трговијата во вторникот. Освен тоа „Philips“ ќе направи реоткуп на акции во вредност од 1,5 милијарди евра (1,7 милијарди долари), објави компанијата.

Здравство е најголемиот бизнис на „Philips“, а компанијата со седиште во Амстердам се насочи кон превземања, за да го прошири. Таа го оддели својот бизнис во минатата година, како дел од фокусирањето врз здравствениот сектор.

„Spectranetics“ расте со двоцифрена стапка и предвиде дека најзината овогодинешна продажба ќе се движи од 293 до 306 милиони долари според „Philips“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП