КОМПАНИИ

Facebook ја помина границата од две милијарди корисници

“Од утрово заедницата на Facebook формално се состои од две милијарди корисници!”, изјави на својот профил ко-основачот на компанијата Марк Цукерберг.

Facebook својата прва милијарда активни корисници ја надмина во октомври 2012 година.

Компанијата е основана 2004 година, која набрзо стана интернет гигант.

Со константен раст на приходите, особено преку рекламите, компанијата го зголеми нето профитот од 75 отсто, до 3 милијарди долари за првиот квартал.

Компанијата купи и други технолошки компании како што се: Instagram,  WhatsApp, Oculus и се стреми кон развивање на виртуелна реалност и вештачка интелигенција.