6 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАВо што е разликата помеѓу добар и одличен шеф?

Во што е разликата помеѓу добар и одличен шеф?

200477712-001

Бидејќи успехот на организацијата зависи од квалитетите на лидерот, не е доволно да се биде добар, потребно е да се биде најдобар. Еве по што се разликуват добрите од одличните шефови.

Добриот шеф одржува контрола и се обидува да ги заврши работите како што е планирано.

Одличниот шеф е свесен дека долгорочно гледано ефикасноста не може да биде единствена цел и се обидува да воспостави атмосфера на експанзивно размислување.

Добриот шеф повикува на креативно размислување, додека пак, одличниот шеф знае како да ја интегрира креативноста во секојдневната конверзација и процедура.

Добриот шеф создава опкружување во кое вработените отворено можат да изразат загриженост или фрустрација.

Одличните шефови создаваат опкружување во кое вработените имаат овластување самоволно да донесуваат одлуки со цел да се подобри производот, процесот и процедурата.

Унапредување и доверба

Добриот шеф ги поттикнува своите вработени на развој на кариерата, додека одличниот шеф ќе го интегрира индивидуалниот развој и учењето во секој опис на работата, така што унапредувањето на секоја личност е неопходно.

Добриот шеф гради доверба за вработените да се чувствуваат сигурно. Одличниот шеф поттикнува интеракција и високи перформанси внатре во тимот за да успеаат заедно, но и да доживеат неуспех.

Одговорност и благодарност

Добрите шефови се грижат вработените да бидат одговорни за своите дела. Одличните шефови промовираат лична одговорност обезбедувајќи јасна комуникација во поглед на културата, визијата и целите на компанијата.

Добриот шеф знае како да ги пофали вработените и да покаже благодарност. Одличниот шеф знае како да засади длабоко чувство на лично задоволство во секој член од тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП