19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИVimeo се откажува од планот за конкурент на Netflix

Vimeo се откажува од планот за конкурент на Netflix

„IAC/InterActiveCorp“ се откажува од плановите да создаде услуга за видео стриминг, која може да се натпреварува со „Netflix“, „Hulu“ и „HBO“, пишува „Bloomberg“.

Услугата требаше да ги привлече сите над 200 милиони корисници на „Vimeo“ да плаќаат за ексклузивни содржини. Наместо тоа сега „Vimeo“ ќе се фокусира на алатки за да им служи на експертите во филмската индустрија.

„Vimeo“ одлучи да не нуди услуга со претплата базирана со оригинално програмирање, која беше планирана да започне во 2018-та година, коментира портпаролот на видео сервисот.

Создавањето на нов платен видео сервис може да биде нешто исклучително скапо на еден преполн со играчи пазар, особено со оглед на фактот дека „Vimeo“ се соочува со повеќе основани компании со поголеми буџети.

„Netflix“ ќе потроши 6 милијарди долари за програми во оваа година. „Amazon“ пак троши околу 4,5 милијарди долари годишно, велат некои аналитичари.

Главниот извршен директор на „Vimeo“, Џо Левин изјави минатата година дека планира да инвестира „десетици милиони“ долари во емисии за услугата на барање на компанијата, а не „стотици милиони“.

Првично услугата требаше да биде пуштена подоцна во оваа година, но беше одложена во мај. Тогаш компанијата објави дека плановите се одлагаат за првата половина на 2018-та година, за да се даде повеќе време за обезбедување на „најдобрата содржина“, објасни Левин.

Освен тоа „Vimeo“ сакаше да се натпреварува за различни гледачи – за оние кои имаат различни интереси и бараат попровокативна содржина. Постојат десетици услуги кои им наплаќаат на луѓето по 5 до 15 долари месечно за сè – од анимета до религиозни емисии.

На крајот на првиот квартал „Vimeo“ има околу 800.000. Претплатници кои плаќаат за да уживаат во нејзините инструменти поврзани со филмот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП