17 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИТоп 10 Android смартфони за 2017-та година

Топ 10 Android смартфони за 2017-та година

Додека корисничко општество го создаде познатиот култ околу смартфоните на „Apple“, многу други производители нудат уреди кои со ништо не отстапуваат зад „ајфоните“. Во планот на цената тие се наоѓаат дури покорисни.

Во последно време со производите на „Apple“ се натпреваруваат не само смартфоните на водечки компании како „Samsung“ и „LG“, но и уредите од кинеските производители.

Експертите од технолошкиот портал „Techradar.com“ објавија список со топ 10 на најдобрите смартфони за 2017-та година врз основа на оперативниот систем „Android“.

Како што забележуваат авторите на рејтингот, во него се сите врвни производители. Во текот на листата се отчитани карактеристики како изглед, модернизација на оперативниот систем, перформанси, а исто така и многу други важни податоци за корисниците.

На прво место е предводникот „Samsung Galaxy S8“. Него го фалат за квалитативниот приказ, највисоката моќност и иновативната конструкција. Единствениот минус е високата цена, споредлива со вредноста на „Ајфон“.

На второ место е „убиецот на предводниците“ од Кина – „OnePlus 5“. Третото место го зазема повторно производ на „Samsung“ – „Galaxy S8 Plus“.

На четвртата позиција е „Мото Z“, кој експертите го дефинираат како „најтенкиот паметен телефон на светот“.

На петтото место е „Sony Xperia XZ Premium“, чие најголемо достоинство е „4K“ екранот.

На шестото место го гледаме „HTC U11“ кој ја нуди една од најдобрите камери за 2017-та година.

Седми е „Lenovo P2“ – тој добива признание за најниска цена.

На осмото место е „Google Pixel“, кој е определен како идеален телефон за корисниците на „Android“ смартфоните.

Деветтата позиција е за „Мото Z Play“, а неговата основна предност е релативно ниската цена.

Првите десет се затвораат од „LG G6“ – тој може да се пофали со водоотпорноста и големиот екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП