11 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГрафик на денот: Глобалните приходи на гејмерската индустријата за 2017-та

График на денот: Глобалните приходи на гејмерската индустријата за 2017-та

Фановите на видео игрите често сметаат дека мобилните игри немаат особено значење, коментира „Business Insiders“.

Кога станува збор за профитот на индустријата за игри, сепак, се покажа дека мобилните игри се ништо, но не и бескорисни. Оваа година се очекува вкупно игрите за паметни телефони и таблети да донесат 42% од глобалните приходи на пазарот за игри, покажа неодамнешниот извештај на „Newzoo“ со графикот на „Statista“.

Ова ги става далеку понапред од традиционалните видови на игри. Игрите, создадени за конзоли како „PlayStation 4“, на пример, се очекува да донесат 31% од глобалната продажба, а компјутерските – околу 23%.

Смартфоните се голем катализатор на растот во индустријата во последниве години, делумно благодарение на нивната се поголема присутност. Во развиениот свет речиси сите имаат смартфони. Иако квалитетот на игрите за нив обично не е толку голем колку што за компјутер или „Xbox“, тие ги проширија хоризонтите на индустријата за игри и ја направија подостапна за повеќе луѓе.

Има причина да се верува дека индустријата за мобилните игри ќе станува сè поголема. Како што вели „Newzoo“ во извештајот, зголемениот фокус на новите технологии како додадената реалност би требало да отвори повеќе можности за напредок на развивачите на мобилни игри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП