19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСветска премиера: Kia Stonic (фото+видео)

Светска премиера: Kia Stonic (фото+видео)

Неколку часа откако во интернет-просторот се појавија фотографии на новиот компактен кросовер „Kia Stonic“, корејскиот производител и официјално го престави моделот. Тој ќе се произведува во Јужна Кореја, а главни конкурети ќе бидат „Honda HR-V“, „Mazda CX-3“, „Renault Captur“, „Peugeot 2008“ и „Nissan Juke“. Продажбата во Европа стартува во септември.

„Тоа е најбрзо растечкиот сегмент во Европа, а минатата година достигна 1 милиони продажба. Се очекува до 2020-та година тие ќе се зголемат до 2 милиони. Тогаш околу 10% од сите продадени автомобили ќе бидат од сегментот „B-SUV“. Сега и „Kia“ е претставена во него, што е многу важно за нас“, објасни маркетинг директорот на „Kia“ во Европа, Артуро Мертенс.

Новиот „SUV“ ја користи платформата на „Kia Rio“. 51% од каросеријата на „Stonic“ е од челик, а тежината на возилото е 1069 кг. Коeфициентот на влечење е 0,33. Генерално дизајнот на кросоверот во голема мера се повторува од овој на концептот „Provo“ прикажан во 2013-та година. Сите верзии на моделот ќе биде со преден погон, систем 4х4 не се предвидува.

Волуменот на багажникот е 352 литри – еден од најдобрите во сегментот. Во кабината е поставен 7,0-инчен екран на допир и нов мултимедијален систем. Возачот има на располагање систем за итно запирање со функција за препознавање на пешаци, систем за одржување на лентата на движење и функција за следење на „мртвите“ зони, како и систем за автоматско паркирање.

Во палетата мотори влегуваат 1,0-литарски бензински турбомотор со 3 цилиндри, кој развива 116 КС, како и 1,25-литарски агрегат со 85 КС, кој сега се наоѓа на „Kia Picanto“. Ќе има и верзија со 1,4-литарски мотор со турбо, како и 1,6-литарски дизел. Не се исклучува и појавата на целосно електрична модификација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП