29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКросоверoт Kia Stonic веќе не е тајна

Кросоверoт Kia Stonic веќе не е тајна

Пред вас е сосема новиот компактен кросовер на „Kia Motors“, кој се нарекува „Stonic“. Официјални фотографии од возилото, чија премиера ќе се одржи следниот месец, беа објавени од изданието „Autodato“.

Засега нема официјални податоци за моделот, но може да се претпостави дека тој е изграден на иста платформа која ја користи и „Hyundai Kona“. Двата кросовери имаат слична силуета, но изгледот на екстериерот им е сосема поинаков.

Како што може да се види од фотографиите, идниот „Kia Stonic“ ќе се нуди со каросерија во две бои. Се претпоставува дека на фотографиите е прикажана топ-верзијата на автомобилот, кој има добиено дополнителни заштитни елементи и оригинални бандажи.

Според габаритот „Stonic“ ќе биде речиси ист како „Kona“, па се очекува да понуди и слична опрема. За моделот на „Kia“ се предвидуваат бензински и дизел мотори со зафатнина 1,0-1,6 литри, но не е исклучено да има и верзија со 2,0-литарски мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП