16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинското економско чудо

Финското економско чудо

Финска е земја со највисок квалитет на живот меѓу земјите од ЕУ, таа е и меѓу најдобрите примери за слобода на печатот во светот и е втора на листата на земји кои нудат најдобри услови за мајките.

Од една заостаната аграрна земја, Финска постепено се претвора во една од најразвиените држави во светот.

Патот до овој успех сепак не бил лесен и брз. Веднаш по прокламирањето 6-ти декември 1917-та година независност од Русија, во земјата избувна граѓанска војна. Таа не трае долго, но ги разединува Финците за децении напред, пишува во коментар за „Deutsche Welle“, Кортни Тенц.

Сепак младата нација успева да се обедини околу длабоки реформи кои ја вложуваат основата на денешната благосостојба. Во 1920-та година во земјата се изградени бројни нови болници, за да се подобри здравствената услуга на децата и мајките. Пак во овој период образованието е најавено за право на секој човек. Извршена е и земјишна реформа, која им дава на безимотните селани земјоделско земјиште – со тоа практично е забрзана разделбата со класното општество.

На почетокот на Втората светска војна Финска е принудена да ги напушти привремено реформите и да се зафати со воената одбрана. Во советско-финската војна, познатата „зимската војна“, која траела од ноември 1939-та до март 1940-та година, Финците успеваат да го одбијат нападот на Советскиот Сојуз и да ги заштитат не само независноста, но и идеалите за иднината.

Токму овие идеали и помагаат на Финска да се претвори во една од најдобрите земји за живеење во светот. Тие се во основата и на друг извонреден успех – земјата со помалку од 6 милиони население има огромен придонес за развојот на модерната култура, особено во Европа.

Финскиот модел на образовен систем кој дава еднакви шанси на сите деца, и кој е потпомагнат активно од државата, е пример за голем број други земји. Финска е водечка исто така и во областа на технологијата: интензивното користење на водните ресурси како извор на енергија и технолошките „know-how“ на Финците привлекуваат многу инвеститори. Финска пример е татковината на оперативниот систем „Linux“ и на популарната компјутерска игра „Angry Birds“, а компанијата „Nokia“ е со огромен придонес за револуцијата во светот на мобилните телефони.

Финскиот образовен систем уште од рана возраст ги развива музичките способности на децата. Неслучајно едни од најдобрите изведувачи на класична музика, како и диригенти на модерните времиња се имено Финци. Но има и други музички жанрови, како хард рок или хеви метал во кои Финска ужива успеси.

Истото важи и за уметноста. Тоуко Лааксонен, познат со прекарот „Tom of Finland“, придонесе со своите хомоеротични цртежи за тоа Западот да ја открие и прифати темата за хомосексуалноста. Иако во 50-тите и 60-тите години на минатиот век во САД гледаа со лошо око на неговите дела, денес тие се составен дел од уметничките колекции во Европа и САД.

Денот на независноста Финска ќе го одбележи свечено по стоти пат дури на 6-ти декември. Но празнувањето за 100-годишниниот јубилеј има преку целата година. Главниот град Хелсинки, на пример, го прослави својот роденден на 11-ти и 12-ти јуни со голем празник по улиците на градот.

Во странство настанот исто така ќе биде забележан. Во соседна Естонија овој месец пример се одржува музички фестивал и изложба на повеќе од 100 фински дела. Будимпешта, пак, ќе биде домаќин на изложба со акцент на финските достигнувања во архитектурата и модерниот дизајн. На самиот празник – 6-ти декември – независноста на Финска, ќе биде одбележана на екстравагантен начин и во САД – со мобилни сауни во многу американски градови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП