3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија најевтина во Европа

Македонија најевтина во Европа

Во 2016 година, нивото на цените за потрошувачки добра и услуги се разликувале во Европската унија (ЕУ).

Данска(139% од просекот на ЕУ) имаше највисоко ценовно ниво, проследена од Ирска (125%), Луксембург и Шведска(124%), Финска и Велика Британија (121%).

На спротивниот крај од скалата, најевтино е во Бугарија (48%), додека во Полска (53%) и Романија (52%) се над 50% од просекот.

Со други зборови, нивото на цените за потрошувачки стоки и услуги во ЕУ многу се разликува во однос на најскапата и најевтината членка.

Цените на храната се највисоки во Данкса, најниски во Полска и Романија. Алкохолот и цигарите имаат највисока цена во Ирска и Велика Британија, а најниска цена е регистрирана во Бугарија. Цените на Хотелите и рестораните се речиси три пати поскапи во Данска отколку во Бугарија. Помали се разликите во потрошувачката на електрониката, транспорт и облека.

Според ЕУРОСТАТ, Македонија е најевтина во цела европа со 46% од европскиот просек. Цената на храната и безалкохолните пијалаци е најевтина со 58% од европскиот просек, како и цената на алкохолот и цигарите со 39%. Цената на хотелите и рестораните со 41% од европскиот просек е меѓу најниските.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП