2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВраќањето на старите долгови придонесува за ново задолжување

Враќањето на старите долгови придонесува за ново задолжување

За сума од 345.000.000 денари, или околу 5,6 милиони евра, во вторник ќе се задолжи новата власт на домашниот пазар, сума идентична која достасува за враќање на стари долгови, веќе следниот ден, в среда.

Според проспектот за задолжување, објавен на веб-страницата на Министерството за финансии, станува збор за аукција на 15-годишни државни обврзници со девизна клаузула, со каматна стапка од 3,80%. Заемот треба да се врати до 2032 година. Oвој заем, всушност е предвиден во календарот на задолжувања на старата власт.

Од новиот состав на Министерството за финансии, за Макфакс потврдија дека сè уште не се објавени податоците за идните задолжувања до крајот на годината на новата власт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП