5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНад 7.000 слободни работни места – кои профили се најбарани?

Над 7.000 слободни работни места – кои профили се најбарани?

Стапка на невработеност од 22.9%, а компаниите се жалат дека не можат да најдат кадар. Има над 7.000 слободни позиции огласени само преку Агенцијата за вработување.

ДЗС: 7.871 слободни работни места

Во Македонија има 7.871 слободни работни места според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) кои се однесуваат на првиот квартал од годинава.

Најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија (2.662), потоа во трговијата (1.432), градежништво (679).

Гледано по региони најмногу отворени позиции има во  Скопски (3.914) и Пелагониски (1.125), а најмалку во Североисточен (113).

Според ДЗС во Македонија има вкупно 218.601 невработени и 734.043 вработени односно стапка на невработеност од 22.9%.

АВРМ: најбарани продавачи и работници

Според Агенцијата за вработување (АВРМ) во моментов на пазарот на труд има 7.071 слободни работни места. Овие податоци покажуваат дека најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија, трговијата и градежништвото.

Најбарани занимања се продавач, работник во погон и општ работник.

АВРМ тврди дека заклучно со крајот на април во земјава имало 103.204 невработени и 96.133 заведени во категоријата „други лица кои бараат работа“.

Истражувањата на Агенцијата за вработување покажуваат дека во земјава има хроничен недостиг од квалификуван кадар во одредени дејности.

Од оние со завршено високо образование се бараат: програмери, информатичари, градежни инженери, архитекти, машински инженери, електроинженери, технолози, фармацевти, графички дизајнери.

Од луѓето со средно или со вишо образование се бараат: комерцијалисти, техничари, медицински сестри, администратори, леари и слично.

Средното стручно образование треба да испорача: шивачки, бравари, столари, заварувачи, армирачи, лимари, повеќе профили на градежни работници, металостругари, монтери, автомеханичари, електроинсталатери, преработувачи на овошје и на зеленчук за потребите на преработувачката индустрија.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП