18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: ЕУ е најголем извозник на лекови во светот во...

График на денот: ЕУ е најголем извозник на лекови во светот во 2016-та

Европската унија (ЕУ) е најголемиот извозник на лекови во светот во 2016-та година, покажуваат податоците на европската статистичка служба „Еуростат“.

Вкупната вредност на извозот на лекови од ЕУ изнесува 144 милијарди евра во минатата година, покажуваат податоците на „Еуростат“. Увозот е 75 милијарди евра.

Вториот најголем извозник во светот е Швајцарија со експорт во вредност од 65 милијарди евра. На трето место е САД со 47 милијарди евра.

График: Еуростат

Сепак САД е најголемиот увозник во светот на медицински и фармацевтски производи во светот. Увозот во земјата изнесува 87 милијарди евра.

На второ место е ЕУ со 75 милијарди евра, а на трето е Швајцарија со 23 милијарди евра.

Главни трговски партнери на ЕУ на глобалниот пазар на медицински и фармацевтски производи се САД и Швајцарија. Сепак трговијата расте со доста побрзо темпо со земји како Кина, Русија, Сингапур и Јапонија.

График: Еуростат

Податоците на „Еуростат“ покажуваат дека увозот и извозот на медицински и фармацевтски производи во ЕУ расте во речиси секоја од годините во периодот 2002-2016 година.  Пад на увозот е забележан само во 2002-ра и 2013-ра година. Дури и финансиската криза од 2008-ма година која влијаеше врз трговијата со многу други производи, не ја спречила трговијата со лекови.

По земји од ЕУ. Германија сочинува околу 25% од вкупниот извоз на лекови од ЕУ, следена од Белгија со 13%, Велика Британија со 11%, Франција и Ирска со 10%. Најсилен раст на извозот на лекови во 2016-та година е забележан во Малта – 45%, и Романија – 26%.

Во топ пет на увозниците на лекови во ЕУ спаѓаат некои од водечките извозници, но наредени во различен редослед: Белгија, Германија, Велика Британија, како и Холандија и Италија. Најсилен раст на увозот, сепак е забележан во Луксембург – 22%, додека топ 10 на увозниците имаат раст од редот на 10-20%.

График: Еуростат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП