14 мај, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОДенеска ќе бидат познати деталите за билетот кој сите го посакуваат!

Денеска ќе бидат познати деталите за билетот кој сите го посакуваат!

Скопје, односно „Телеком арена“, на 8.август ќе биде домаќин на УЕФА Суперкупот. За овој трофеј ќе се борат освојувачите на Лигата на шампионите и Лига Европа, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Реал и Манчестер Јунајтед, два трофејни, атрактивни тима, преполни со фудбалски ѕвезди, на 8.август ќе гостуваат во Скопје. Интересот за УЕФА Суперкупот е огромен, не само во Македонија, туку и низ целиот регион.

Интересот за билетите е огромен, а она што е познато дека продажбата ќе оди преку УЕФА. Дел од влезниците ќе бидат поделени на двата тима, дел УЕФА ќе задржи за своите спонзори, а остатокот е предвиден за локалното население.

Продажбата на влезниците ќе започне денес, а по тој повод ќе биде одржана прес конференција (Телеком арена 18 часот), на која ќе биде соопштено како најлесно и најбргу заинтересираните ќе можат да стигнат со влезница.

Гости на прес конференцијата покрај претставници на УЕФА, ќе бидат и Емилио Бутрагењо и Луј Саха како претставници на Реал, односно Манчестер Јунајтед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП