25 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако се губат 100 милијарди долари за еден ден

Како се губат 100 милијарди долари за еден ден

За време на петочната трговска сесија големите технолошки компании забележаа сериозни намалувања. Ова доведе до најсилниот неделен пад на „Nasdaq“ од почетокот на годината, но изгледа тоа не е сè.

Технолошките акции повторно се под притисок пред почетокот на денешната седница, откако рејтингот на „Apple“ беше намален вчера.

Аналитичарите на „Mizuho“ го намалија рејтингот на компанијата до „Neutral“ од претходната проценка „Buy“, велејќи дека најдоброто сценарио за „Apple“ веќе е опфатено во цената на акцијата.

Аби Ламба од „Mizuho“ вели дека 12-месечниот таргет за цената на „Apple“ денес е 150 долари, што е само 1 долар над нивото на затворањето од петокот.

„Сметаме дека ентузијазмот на инвеститорите во врска со новиот производствен циклус на „Apple“ веќе е опфатен во цената на акциите“, вели уште Ламба.

Производителот на „iPhone“ денес исто предвид намалување на берзата, па акциите бележат пад од околу 2%. На пониски нивоа спрема крајот на минатата недела ќе го започнат берзанското тргување и акциите на другите големи технолошки компании – „Alphabet“, „Microsoft“, „Amazon“ и „Facebook“.

Иако „Nasdaq“ ја заврши петочната седница со намалување од 1,5%, таа распродажба кај „Apple“, „Alphabet“, „Microsoft“, „Facebook“ и „Amazon“ беа дури поголеми, а пазарната проценка на петте компании се намали со 100 милијарди долари.

Од почетокот на 2017-та година акциите на „Apple“, „Facebook“ и „Amazon“ поскапеле со повеќе од 27%, додека „Aphabet“ и „Microsoft“ додаваат 20 и 11 отсто. Во споредба, широкиот индикатор „S&P500“ додал само 7 отсто.

Во текот на изминатата недела аналитичарите од „Pacific Crest“ исто го намалија рејтингот на „Apple“. До денес 25 аналитичари препорачуваат купување на акцијата на компанијата, а шест од нив имаат рејтинг „Hold“ („задржи“).

Ниту еден аналитичар до денес не советува продажба на акции на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП