18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft пушта нова конзола на 7-ми ноември

Microsoft пушта нова конзола на 7-ми ноември

Американската технолошка компанија „Microsoft“ најави дека на 7-ми ноември ќе пушти во целиот свет она што го нарекува „најмалата и најмоќна видео конзола, креирана некогаш“ – 2Xbox One X“, пренесува „Bloomberg“.

Уредот, кој ќе се нуди по цена од 499 долари, е дизајниран да работи со новата генерација „4K“ телевизори кои нудат подобар квалитет на сликата, како и со игри, кои се со повеќе реалистични сцени.

„Microsoft“ објави веста во неделата на настан во Лос Анџелес пред стартот на „Electronic Entertainment Expo“ во оваа недела. Новата конзола ќе биде компатибилна со постарите игри и додатоци за „Xbox“, додаде компанијата.

„Microsoft“ и нејзиниот конкурент „Sony“ се обидуваат да ги обноват своите уреди за видео игри почесто за да стават крај на трендот за ажурирања на секои седум години. Тоа е темпото со кое традиционално тие пуштаат новата генерација на конзоли.

Најновата графика на „Microsoft“ е насочена кон „high-end“ играчи кои ги сакаат најдобрите карактеристики и перформанси и поседуваат телевизори со многу подобра графика.

„Тие се обидуваат да привлечат луѓе кои сакаат да можат да го користат повеќе напредни функции на телевизорите, во кои инвестирале“, тврди Брајан Блау, аналитичар на „Gartner“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП