8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје е меѓу најевтините градови за сместување

Скопје е меѓу најевтините градови за сместување

Главниот град на Македонија е меѓу најевтините метрополи за сместување заедно со Тирана, Анталија и Софија, но пред Куала Лумпур, пренесува „Travel Weekly“.

Во Монте Карло хостел чини 28 евра, а за хотел ќе треба да платите од 285 до 2.505 евра. Зад него е Сен Тропе со цени од 176 до 2.194 евра.

Во Загреб во хостелите цената е 13 евра, а во хотелите се движи од 97 до 292 евра

Потоа следат Рејкјавик, Сан Франциско и Њујорк. Најевтини се дестинациите на Далечниот Исток и на Балканот. Во Куала Лумпур хотел чини од 55 до 285 евра, а потоа следи Скопје, Тирана, Анталија и Софија. Хостел за само 5,59 евра има во Киев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП