23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P: Moжно е намалување на кредитниот рејтинг на Велика Британија

S&P: Moжно е намалување на кредитниот рејтинг на Велика Британија

Велика Британија може да преживее уште едно намалување на нејзиниот кредитен рејтинг, откако изборите произведоа т.н. „висечки парламент“, предупреди пред „CNBC“, Мориц Кремер, директор на одделението за суверените рејтинзи во „S & P Global“. Конзервативците на премиерот Тереза ​​Меј останаа прва политичка сила, но изненадувачки загубија мнозинството во парламентот.

Велика Британија го загуби екслузивниот кредитен рејтинг „AAA“, откако минатата година на референдум мнозинството од населението го поддржа излегување на земјата од Европската унија (ЕУ). Тогаш рејтинг агенција предупреди дека е загрижена дека оваа одлука може да ја влоши економската презентација на земјата и нејзината институционална рамка.

Кремер изјави дека резултатот од изборите во четвртокот докажува дека намалувањето на рејтингот била правилна мерка и дека може да има уште намалувања.

„Изгледите пред оценката се уште е негативна, што значи можно дополнително намалување или намалувања“, додава тој. „Тоа во голема мерка зависи од претстојните случувања од преговорите за „Brexit“ и реалноста со која Велика Британија ќе се соочи надвор од ЕУ, а таа е несигурна“, вели уште експертот.

Преготовите за „Brexit“ кои требаше да започнат за неколку недели, најверојатно ќе бидат одложени до формирање на нова влада. Несигурност може да наштети уште повеќе на економијата, така што ќе попречи на инвестициските одлуки.

Според зборовите на Кремер гласањето во четвртокот бил второто непотребно гласање во Велика Британија.

Кетрин Молбронер, постар заменик претседател во рејтинг агенција „Moody’s“ соопшти дека претстојните одлуки од страна на британските пратеници ќе се следат многу внимателно. „„Moody’s“ го забележува многу внимателно процесот на формирање на влада и навремено ќе ги оцени последиците“, вели таа. Според неа судбината на кредитната оценка од страна на „Moody’s“ ќе зависи од два фактори. Прво, резултатот од преговорите за „Brexit“ и нивните последици за изгледите пред растот и второ, фискалните случувања во предвид буџетскиот дефицит и растечкиот јавен долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП