26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДрастичен пад на градежништвото – напукна столбот кој ја држеше економијата

Драстичен пад на градежништвото – напукна столбот кој ја држеше економијата

Градежништвото тргна во надолна линија. Најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека секторот се намалил за 6.3% во првиот квартал.

Ова само ја потврди неодамнешната анализа на Денар.мк во која се предупредуваше на ваков епилог, а се надоврзува и на веќе објавените финансиски извештаи кои кај сите компании покажаа значително помали профити.

Гранит АД Скопје во првиот квартал од годинава остварил чист профит од речиси 361.000 евра што е за 3% помалку од истиот период лани. Приходите достигнале 19.3 милиони, а расходите 18.9 милиони евра.

Бетон АД Скопје во периодот јануари – март имал заработка од само 29 илјади и 500 евра што е за дури 91% помалку во однос на истиот период лани. Ваквиот драстичен пад е резултат на преполовените приходи.

За истиот период заработката на Бетон АД Штип достигнала 65 илјади и 600 евра што е за 80% помалку. Падот исто така се должи на намлените приходи за 36%.

Намалена заработка од 35% има и Цементарница Усје АД Скопје. Достигнала 1.8 милиони евра.

Адинг АД Скопје има намален профит за 87%. Во првиот квартал годинава достигнал само 3 илјади евра, а лани бил 23 илјади и 800 евра.

Единствено Мермерен комбинат АД Прилеп има подобри финансиски резултати во првиот квартал годинава во споредба со истиот период лани, но тоа е пред се поради тоа што минатата година компанијата имаше загуба од 178 илјади евра. Сега е остварен профит од 1 милион и 489 илјади евра.

Освен на внатрешниот на компаниите им одело послабо и на надворешните пазари. Податоците на ДЗС покажуваат дека биле договорени 14.1% помалку градежни работи во првиот квартал од 2017-та во однос на истиот период од 2016-та. Вкупната вредност била 36.8 милиони евра. Во исто време вредноста на извршените работи достигнала 5.9 милиони евра што е за зголемување од 139.1%.

Значителниот пад доаѓа по долгогодишен раст. Лани градежништвото остварило се зголеми за дури 18.5%. Во првиот квартал растот бил 6.9%, во вториот 31.4%, во третиот 10.3%, во четвртиот 28.5% или вкупно за цела година 18.5%. Секторот беше и главната компонента која изѕида вкупен економски раст од 2.4%.

Македонската економија во првиот квартал од годинава влезе во стагнација. ДЗС објави дека растот е точно 0.0% односно дека Бруто домашниот производ е на истото ниво како истиот период лани. Токму падот на градежништвото од 6.3% е и една од главните причини за овој резултат.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП