Kинескиот производител на смартфони „OnePlus“ најави дека ќе го претстави својот нов предводник со оперативен систем „Android“ на 20-ти јуни, а веќе излегуваат и првите фотографии на уредот на интернет.
Така на пример од „Android Police“ добиле фотографија, која очигледно е официјална промо слика. Друга слика се појавува во „Slashleaks“, а за неа исто така се претпоставува дека е во сопственост на кинескиот производител.
И на двете слики јасно се гледа двојната камера на задната страна и дизајнот на „OnePlus 5“. И многу добро се гледа дека за пример Кинезите го користеле очигледно „iPhone 7 Plus“, кој исто така има иста големина на дијагонала на екранот, како и двајцата конкуренти. Дали тоа е вешт потег на Кинезите, претстои да дознаеме. Сомнежи има, бидејќи „iPhone 7 Plus“ може и да е навистина прекрасен телефон, но дизајнот му е од одамна изминати години. Значи едвај „OnePlus 5“ ќе стане „iPhone-Killer“, каков што е еден од слоганите на кинескиот концерн, едноставно затоа што изгледа токму како „iPhone“.
Сепак уредот може да се претвори во сериозен конкурент на „Galaxy S8“ и други топ модели со „Android“, ако цената не е премногу „надуена“.
Во техничка смисла „OnePlus 5“ се очекува да е доста силен. Ќе има 5,5-инчен „QHD“-дисплеј и ќе биде придвижуван од процесорот на „Qualcomm“ – „Snapdragon 835“. Меморијата може да е 6 гигабајти, а местото за складирање – великодушни 128 гигабајти. Кон тоа ќе додадеме и добра батерија со 3.600 mAh.
Што се однесува до двојната камера, во пресрет на премиерата „OnePlus“ сам укажа на детали. Во пост во корпоративниот блог компанијата објави соработката со специјалистот „DxO“, познат со тестовите на камерите и листите кои ги изработува. „OnePlus“ ветува особено јасни снимки. Што подразбира под тоа, кинескиот производител покажа на „Twitter“.