26 јуни, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 09.06.2017

Дневен хороскоп 09.06.2017

 

Овен (21.03 – 20.04)

Ќе ви се случуваат интересни работи. Еве ви причина за енормна количина на љубов во вашата околина. Само внимавајте да не претерате со добрината бидејќи некој лесно може да го искористи тоа, а вие да западнете во депресија.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Се чувствувате добро во друштво на личноста која има разбирање за вас и која се труди да ви помогне што побрзо да решите еден важен проблем. Можен е состанок со некој кој ќе ве ангажира за работа во некоја голема приватна компанија. Не донесувајте одлуки набрзина.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Не се откажувајте од планот за работа со некоj Лав. Ако имате врска со уметност, јавните професии или спортот, денес ќе имате возбудлив ден. Финансиската ситуација би можела многу брзо да се среди со помош на некоја Водолија со која отсекогаш добро сте се согласувале.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Тензиите пополека но сигурно се зголемуваат. Побарајте мислење од пријател на кого му верувате и воздржете се од донесување нелогични одлуки. Некои планови кои сакате да ги остварите, ќе биде потребно да ги одложите за некој нареден поповолен период.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Ова е одличен ден за љубов и емотивно задоволство, а прилично лош за работа. На тој план работите се одвиваат тешко и барааат дополнителна сила, која во моментот вие ја немате. Затоа обрнете му внимание на партнерот или на новата симпатија доколку сте слободни.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Морате да учите од сопствените грешки за да бидете подобри. Ќе ви одговара самотијата. На видик е некоја поголема финансиска добивка. Немојте да ги повторувате грешките од минатото, особено не оние љубовните.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Марс навлезе во вашиот знак, а вие станувате поенергични но и малку бавни и недоволно ефикасни бидејќи немате многу трпение. Една Шкорпија може да ви помогне да дојдете до работата која ја сакате, односно на некој начин ќе посредува меѓу вас и личноста која ќе одлучи за вашиот статус. Очекувајте повик од друга Вага или Риба.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Чуствувате негативна енергија во вас. Постојат начини со кои ќе се ослободите на пример: спорт, внесување во работата или пак целосно предавање на љубовта. Семејните средби ќе ви ги вратат детските сеќавања што биле длабоко закопани.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се наоѓате во конфликтна ситуација. Наместо да ги обвинувате другите, обидете се да го најдете својот дел на одговорност, за да можете да ја пребродите кризата. Добро би било конструктивно да размислувате за проблемите во кои се наоѓате. Сепак, сами сте виновни.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Направете си распоред, така што ќе ги завршите сите ваши обврски денес. Усогласете ги климатските услови и креирајте некакво задоволство. Но сето тоа не правете го сами, подобро ќе ви биде во добро друштво.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Ве очекува еден спокоен ден. Обидете се да уживате во бавното темпо и можноста да се занимавате со работни и приватни обврски без притоа никој да ви се меша. Може да не напреднете многу, но сепак ќе постигнете внатрешен мир. Некое изненадување ќе донесе насмевка на вашето лице.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Сонцето и Уран ве прават исклучително остроумни и подготвени да влезете во некоја ризична работа. Обидете се да најдете начин како да ги заштитите вашите интереси. Не влегувајте во расправии со околината, туку поттикнете ја повеќе да работи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП