10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ32 кандидати-купувачи за Alitalia

32 кандидати-купувачи за Alitalia

Неколку десетици компании и фондови го покажале својот интерес за купување на западната во криза и прогласена за продажба италијанска авиокомпанија „Alitalia“, станува јасно од порака на синдикатот на компанијата.

„Работиме над тоа да ги оцениме 32-те апликации за интерес“, појаснува Стефано Палери, еден од тројцата назначени синдикалци. Тој, сепак, не открива повеќе детали.

Рокот за поднесување на интерес истече во понеделникот. Формални предлози сепак нема. Владата во Рим во средината на мај го стартуваше процесот на продажба на уделот кој се наоѓа под специјално управување со традиционалната авиокомпанија.

Во индустријата првично не се појавува сериозен интерес, но голем број авиокомпании веројатно имаат намера само да ги прегледаат финансиските документи. Конкуренти како „Lufthansa“, „Norwegian Air“, „Air France-KLM“ и „Ryanair“ се изјасниле дека немаат никаков интерес кон италијанскиот концерн. Како потенцијален купувач се споменува и „Qatar Airways“.

Пречка за купувањето од негова страна е фактот дека инвеститорите надвор од ЕУ можат да држат најмногу 49% од европската авиокомпанија. Заинтересираните можат да се здобијат со целата компанија или дел од неа и да дадат предлози за реструктуирање.

„Alitalia“ е под закана од банкрот, откако нејзините вработени го блокираа пред два месеци новиот предлог за преструктуирање, а според внатрешни извори компанијата губи по околу 1 милион евра на ден. Меѓутоа владата во Рим ја исклучи можноста за национализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП