23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFujitsu очекува наскоро да се финализира договорот со Lenovo

Fujitsu очекува наскоро да се финализира договорот со Lenovo

Јапонската технолошка компанија „Fujitsu“ очекува наскоро да постигне договор за интегрирање на нејзиниот бизнис со персонални компјутери со кинеската „Lenovo Group“. Ова го објави претседателот на „Fujitsu“, Тацуја Танака, цитиран од агенциите.

Во октомври „Fujitsu“ изјави дека води преговори со „Lenovo“ за соработка во областа на дизајнот и производството на персонални компјутери. Компаниите имаа за цел да ги финализираат договорот до крајот на март.

„Ние сме во крајна фаза на работата на тоа како најдобро да создадеме синергија за нашите две компании“, коментира Танака на прес-конференција во врска со стратегијата на компанијата. „Очекуваме наскоро да завршиме“.

„Не се случува ништо изненадувачки, но ние се обидуваме да разговараме за сето внимателно“, коментира тој.

Преговорите се развиваат во момент во кој продажбата на функционалните смартфони и таблети доведуваат до намалување на побарувачката на светскиот пазар на персонални компјутери, кој достигна врв пред половина деценија.

За „Lenovo“, најголемиот производител на персонални компјутери, договорот може да помогне за промоција на нејзината куповна моќ и да ја консолидира нејзината основа на еден пазар со мали маргини. Нејзините претходни трансакции на овој пазар вклучуваат стекнување на единицата за персонални компјутери на „International Business Machines“ (IBM) во 2005-та година и создавањето на заедничко вложување во оваа сфера заедно со „NEC Corp“ во 2011-та година.

„Детали за секоја потенцијална соработка се дискутира и нема никаков рок за дискусија во овој момент“, коментира Шарлот Вест, портпарол на „Lenovo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП