9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпектакуларен пречек на на ракометарите на Вардар(фото+видео)

Спектакуларен пречек на на ракометарите на Вардар(фото+видео)

Актуелните европски шампион, ракометарите на Вардар, два дена по историскиот успех се вратија во Скопје. Беа пречекани од илјадници фанови, а журката својата кулминација ја имаше на Плошдаот Македонија.

Како што доликува со „шампиони, шампиони“ беа пречекани уште на аеродромот „Александар Велики“. Капитенот Стоилов прв излезе од авионот, потоа Дибиров, Чупиќ, Канељас, Македа, а трофејот беше во рацете на Абутовиќ, дефанзивецот кој во полуфиналето и финалето многу пати беше непремостлива пречка за врвните бекови на Барселона и ПСЖ.

Играчите потоа се качија во панорамскиот автобус и се упатија кон Плошдат Македонија. Беа поздравувани од сите страни, а тие не ги криеја емоциите.

„Сеуште не сме свесни што успеавме да направиме“, рече вардаровиот бомбардер Вуко Борозан.

Журката кулминираше на Плоштадот Македонија. Еден по еден бурно поздравени излегуваа на бината. Пораките им беа речиси идeнтични: „Титулата е за Македонија“.

Последен, носен од своите ракометари на бината се качи командантот на тимот Раул Гонзалес, тивкиот ракометен гениј, пред чии тактички решенија оваа сезона се поклони ракометна Европа.

Шпанскиот стратег вети дека наредната сезона Вардар ќе се бори за да го одбрани тронот на кој се искачи со макотрпна работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП