5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов рекорд за Lamborghini

Нов рекорд за Lamborghini

Италијанската компанија „Lamborghini“ запиша рекорд во својата историја, откако од погонот на фабриката во Санта-Агата Болонезе излезе 8.000-тиот примерок на суперавтомобилот „Huracan“.

Резултатот беше постигнат во третата година по лансирањето на производството на моделот. Јубилејниот автомобил е во сива боја „Grigio Lynx Gray“. Автомобилот е наменет за клиент од Велика Британија, а е правен по нарачка.

Во моментов италијанскиот бренд нуди неколку верзии на моделот. Тој може да се нарача како купе „Huracan LP 610-4“ (погон на четири тркала) и „Huracan LP 580-2“ (погон на задната оска). Достапна и отворена варијанта на возилото – „Huracan Spyder“.

Најекстремната модификација е каросеријата „Huracan Performante“ што се потпира на модернизиран 5,2-литарски V10 мотор. Тој развива моќност од 630 КС и 600 Нм, а работи во комбинација со 7-степен менувач при што погонот се користи на сите четири тркала.

Треба да се додаде дека „Lamborghini Huracan“ е еден од најуспешните модели на брендот како целина. Повеќе примероци се произведени и продадени само од моделот „Gallardo“ – 14.022, додека резултатот на „Aventador“ и „Murcielago“ е соодветно 5.000 и 4.099 единци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП