15 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗагарантирана безбедност и на 40ти кат во Џевахир Скај Сити

Загарантирана безбедност и на 40ти кат во Џевахир Скај Сити

Повисоките згради имаат поголема флексибилност на издржливост од земјотреси, а за Џевахир Скај Сити висококатниците ова беше потврдено и со симулацијата на земјотрес со јачина од пет до шест степени. Земјотресната симулација што беше изведена од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија покажа дека висококатниците поседуваат одлична отпорност и голема флексибилност.

Тестирањето беше изведено со специјална машина која создава осцилации во објектот,а јачината поттикната од вибрации помеѓу 4 и 5 степени, е појака од чувството на вистински земјотрес со тие степени. Издржливоста  на висококатниците претходно беше проверена и со математичкиот модел кој штое перфектно прецизен, но сепак испитувањето и реалните тестови потврдија дека зградата се однесува како што е предвидено со математичките формули.

За издржливоста на висококатниците заслужна е експертизата и големо искуство во градби од ваков тип, што ги поседува компанијата Џевахир. При нивното проектирање, архитектите посветиле особена важност на сигурноста и безбедноста на целиот комплекс. Во изградбата на облакодерите кои се високи 130 метри со вкупно 40 ката, употребени се најдобрите материјали и технологии. Безбедноста и стабилноста е загарантирана и од методот на градба и структурата на комплексот кој во својата основа има 716 столбови, а секој столб е 24 метри во длабочина и 1 метар во ширина (дијаметар). Овие столбови заедно со подземните паркинг катови се вкупно 32 метра под земјата. Целата подземна структура е доказ за градежниот квалитет и важноста што Џевахир Скај Сити ја придава на безбедноста и сигурноста. Покрај тоа, процесот на градба е следен од строги контроли наменети за континуирано мониторирање на потеклото и составот на материјалите, кои што задолжително се сертифицирани и атестирани.

Со тестирањето се испитуваат и динамичките карактеристики на зградите, кои претставуваат нивна лична карта за безбедност, посебно во услови на земјотрес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП