20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометарите на Вардар се пласираа во финалето во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар се пласираа во финалето во Лигата на шампионите

Ракометарите на Вардар остварија историски успех откако се пласираа во финалето во Лигата на шампионите. Вардар во полуфиналето ја совлада Барселона 26:25 (13:12). Херој на Вардар е Лука Циндриќ кој го постигна последниот гол на три секунди до истекот на времето.

Македонскиот шампион Вардар продолжи да испишува нови страници во клупската историја, откако утре ќе се бори за европската круна против ПСЖ.

Вардар одигра драматично полуфинале против најтрофејниот европски клуб Барселона и на крајот успеа да победи 26:25.

Во полуфиналето блескаа голманите Штербик 11 одбрани, Де Варгас 13 одбрани, во кој перфектно одигра десната страна на вардаровиот напад (Чупиќ и Душебаев постигнаа по седум голови), а кај Барселона блескаше Лазаров кој го држеше својот тим во игра. Се истакна Циндриќ кој ги постигна двата последни гола за Вардар, првиот на минути до крајот за 25:24, а вториот за победа на три секунди до крајот.

Вардар во финалето ќе игра против ПСЖ од 18 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП