14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа 6 јуни закажано претпоследното задолжување на старата Влада

На 6 јуни закажано претпоследното задолжување на старата Влада

За вторник, 6 јуни, е закажано претпоследното задолжување на старата Влада за сума од над 8 милиони евра, според календарот на задолжувања на Министерството за финансии.

Според објавените проспекти на веб-страницата на Министерството, предвидени се две шестемесчни државни записи и една 15 годишна обврзница. Веќе на седми јуни, в среда, е предвидено раздолжување по основ на веќе доспеани долгови во ист износ.

За 20 јуни е закажано последното задолжување на старата Влада, иако за него, нема објавено проспекти. Вообичаено од овој период од годината, Министерството за финансии објавуваше листа на задолжувања за втората половина од годината, но поради смената на власта, најверојатно, тоа нема да се случи во претстојниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП