4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдлуката на Трамп предизвика разочарување во САД

Одлуката на Трамп предизвика разочарување во САД

Градови во САД и компании ја критикуваат одлуката на Трамп за повлекување од договорот за климатските промени во Париз.

Градоначалникот на Њу Орлеанс, Мич Ландриу, рече дека повлекувањето на САД од договорот е “кратковидно”, оценувајќи дека климатските промени се опасна закана за крајбрежните заедници како неговата, како и за Америка и светот во целина.И градоначалникот на Чикаго ја критикуваше одлуката на Трамп.

„ Повлекување од договорот од Париз е избрзан и не ги прави климатските промени помалку реални. Чикаго нема да ја избегне одговорноста да дејствува“ – рече градоначалникот на американскиот град Рам Емануел.

Пронаоѓачот и претприемач Елон Маск истакна дека по потегот на Трамп ќе стави крај на своето учество како советник на претседателот Трамп.

“Климатските промени се вистински. Повлекување од договорот од Париз не е добро за Америка и за светот”, напиша тој на Твитер Маск, кој е на чело на производителот на електрични автомобили „Тесла“.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги повика сите американски истражувачи, претприемачи, инженери, борци против климатските промени дека се добредојдени во Франција за да се борат против климатските промени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП