30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSkype - уште една апликација која ja копира Snapchat

Skype – уште една апликација која ja копира Snapchat

Можете да го додадете „Skype“ кон растечкиот список на услуги кои копираат функции од „Snapchat“, пренесува „Ројтерс“.

Комуникациската услуга на „Microsoft“ објави основна промена на дизајнот на својата мобилна апликација, вклучувајќи додавање на функцијата „Highlights“, која им овозможува на корисниците да прават слики и видеа, кои се привремено достапни за останатите.

Функцијата значително наликува на „Stories“ на „Snapchat“. Овој формат се здобива со популарност во социјалните мрежи и апликациите за разговор, а последно беше имплементирање во апликациите на „Facebook“. Највпечатливо тоа изгледа во „Instagram“.

„Skype“ немал толку голем редизајн од вклучувањето на видео повиците во 2006-та година. Исто така ова е најскапото обновување откако „Microsoft“ го купи „Skype“ за 8,6 милијарди долари во 2011-та година.

„Skype“ не ги открива точните податоци за својот број на корисници, но има стотици милиони луѓе кои месечно ја користат услугата. 50% од нив ја преферираат мобилната верзија. Надежта е дека комбинацијата од нови функции ќе бидат доволни да ги натераат луѓето да ја користат апликацијата секој ден.

„Она што ја разликува една апликација од друга, е мрежата со која располага“, коментира Амританш Рагав, корпоративниот потпретседател на „Skype“.

Со „Highlights“ новиот „Skype“ ги нагласува групните пораки. Корисниците можат да праќаат реакции преку емоции, можат да испраќаат пораки во позадина на атрактивни и шарени прозорци, или да уживаат содржини од трети страни, како анимирани слики од „Giphy“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП