4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMichael Kors затвора повеќе од 100 продавници поради загубата во првиот квартал

Michael Kors затвора повеќе од 100 продавници поради загубата во првиот квартал

Американскиот производител на луксузни производи „Michael Kors“ објави разочарувачки резултати за последниот квартал од фискалната 2017 година, односно првиот од оваа календарска година, кои на вчерашното тргување ја соборија вредноста на неговите акции за повеќе од 8 проценти.

Приходите од продажбата достигнале 1,06 милијарди долари, што е пад од 11,2 проценти во однос на истиот период претходната година, додека само продажбата во Америка се лизнала за 18 проценти, на 721 милион долари.

Продажбата во постечките продавници, не сметајќи ги новоотворените продавници, опаднала за 14,1, што е повеќе од проценката на аналитичарите.

Регистрирана е загуба од 26,8 милиони долари, односно 17 центи по акција, во споредба со остварените 177 милиони долари профит, односно 98 центи по акција, во првиот квартал минатата година.

Исклучувајќи ги еднократните ефекти, забележана е добивка по акција од 73 центи.

Следејќи го резултатот остварен во цела 2017-та фискална година, која е завршена на 31-ви март, остварени се 4,49 милијарди долари приходи, како и нето добивка од 552,5 милиони долари, односно 3,29 долари по акција.

Компанијата планира затворање на меѓу 100 и 125 продавници во наредните две години, додека за следниот квартал, кој се завршува во јули, се проценува дека ќе бидат реализирани 910-930 милиони долари приход, додека профитот во цела 2018 година се очекува да достигне ниво од 4,25 милијарди долари.

Исто така, најавен е и откуп на сопствени акции во висина од 1 милијарда долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП