Обидот за убиство на поранешниот министeр за здравство и екс вицепремиер Никола Тодоров го сторил Љупчо С., 57-годишен граѓанин на Велес, кој веднаш е приведен од полицијата.
Инцидентот се случи пред околу половина час, пред влезот на Министерството за здравство. МВР работи на расветлување на случајот.
Сторителот испукал 5 куршуми, но не го погодил екс-министерот.
Телевизија Телма, според неофицијални информации, пренесува дека напаѓачот е дедото на малата Тамара од Велес, која почина чекајќи Фондот да ѝ одобри средства за операција во странство. Решението за одобрените пари пристигна ден по нејзината смрт.