22 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Zoe е најпродаван електричен автомобил во Европа

Renault Zoe е најпродаван електричен автомобил во Европа

Францускиот компактен модел „Renault Zoe“ е најпопуларниот електричен автомобил на пазарот во Европа за првата четвртина од 2017-та година, покажува статистиката на организацијата „European Alternative Fuel Observatory“ (EAFO).

За првите 4 месеци од годината од моделот беа продадени 9.083 примероци, а тие се главно од обновената верзија, прикажана на автосаемот во Париз во минатата есен. Електромобилот е опремен со акумулатори со зголемен капацитет, благодарение на што опсегот на „Zoe“ со едно полнење е зголемен од 240 на 400 километри.

Второто место е за „Nissan Leaf“, чиј резултат е 5.940 единици, а на трето е рангиран „BMW i3“ со 3.956 продадени примероци (во оваа бројка не влегуваат верзиите на моделот со мотор со внатрешно согорување, кој ги полни батериите).

Во Топ 5 според продажбата на електрични автомобили во Европа спаѓаат уште „Tesla Model S“ и „Model X“, од кои се продадени 3.715 и 2.902 возила.

Експертите од „EAFO“ прецизираат дека од првите 5 автомобили на оваа листа се отпаѓаат околу 75% од вкупната продажба на електрични машини на „Стариот континент“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП