Германскиот производител „Volkswagen“ планира да им понуди на своите клиенти цела палета на спортски кросовер и „SUV“-модели кои ќе добијат додаток „R“ кон своите имиња. Ова го соопшти шефот на компанијата Херберт Дис.

Според Дис, кратенката „GTI“ ќе остане за „жешките“ хечбек-модели на брендот, додека кај кросоверите повторно ќе се залага на буквата „R“. Таква верзија ќе се појави уште на новиот „VW T-Roc“, чие излегување на пазарот е предвидено за крајот на летото.
Веќе е познато дека брендот „Seat“, кој е дел од „Volkswagen Group“, подготвува спортска верзија на својот прв кросовер „Ateca“. Се очекува друга марка од концернот – „Skoda“, да предложи иста варијанта на новиот „Karoq“. И двете возила ќе добијат 2,0-литарски турбомотор со 300 КС, како тој ќе биде во основата и на идниот „T-Roc R“.
Што се однесува до стандардите модели, новиот кросовер на „Volkswagen“ ќе се потпира на бензински и дизел мотори со зафатнина од 1,0 до 2,0 литри. Веројатно ќе има и хибридна верзија на компактниот кросовер.