3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRolls-Royce го направи најскапиот нов автомобил во историјата (фото+видео)

Rolls-Royce го направи најскапиот нов автомобил во историјата (фото+видео)

Ексклузвните, луксузни и брзи автомобили чинат огромни суми. Моделите на „Pagani“ и „Koenigsegg“ се проценуваат на повеќе од милион долари, а „Bugatti Chiron“ се продава за речиси 3 милиони долари. Сето тоа е пред автомобилот, направен од „Rolls-Royce“ по нарачка на клиентот.

Британскиот производител го покажа импресивниот „Rolls-Royce Sweptail“, чија цена се очекува да биде над 12 милиони. Значи тоа ќе биде најскапиот сосема нов автомобил, некогаш произведен. Поради нестандардната форма, моделот е навистина уникатен, а од него ќе биде направен само еден примерок.

Идентитетот на клиентот ќе остане во тајност, но очигледно станува збор за многу богат човек. Дизајнот на „Sweptail“ е сериозно под влијание на екстравагантите форми на автомобилите од 30-тите години на минатиот век, меѓу кои има и модели на „Rolls-Royce“.

Работата над возилото е започната уште во 2013-та година, а клиентот активно учествувал во развој со свои идеи. Една од нив е поставувањето на бројките „08“ во предниот и задниот дел на суперлуксозното купе.

За правење на кабината се користат само високо квалитетни материјали – дрво, кожа, метал и стакло, изработени од „Rolls-Royce“, но претпочитаат да не покажуваат фотографии на ентериерот. Забележува дека возилото има добиено доста интересна функција – вградениот механизам во централната конзола дава пристап до шише шампањ со две кристални чаши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП