9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Светскиот пазар на криптовалути

График на денот: Светскиот пазар на криптовалути

Вртоглавиот раст на првата во светот криптовалута – биткоин, го претвори во главна тема на разговор за инвеститори, медиуми и технолози, коментира „VisualCapitalist“.

Всушност иновациите на „блокчејн“ технологијата менува цели пазари, додека во исто време предизвикуваат возбуда меѓу централните банки и финансиската индустрија. Во моментов цената е малку под 2.200 долари, откако минатата недела ја мина границата од дури 2.400 долари – огромен раст во однос на истиот период од минатата година.

Вистинското влијание на биткоинот сепак е многу поголемо – тој помогна на пазарот да се појават над 800 други криптовалути и средства, исклучително вредни за онлајн трговија. И иако само обемот на пазарот за биткоини изнесува речиси 40 милијарди долари, обемот на остатокот од овие криптовалути вкупно е дури и повеќе.

За прв пат од неговото појавување, биткоинот во моментов држи помалку од половина од целиот пазар на криптовалути со околу 47,9% од сите други валути и средства.

Кои се сепак другите алтернативни валути во овој универзум и од каде доаѓаат?

„Litecoin“

„Litecoin“, основана во 2011-та година, е една од првите криптовалути и е речиси идентична на биткоинот. „Litecoin“ цели да обработува блокови четири пати побрзо од биткоинот за да се забрза времето за потврда на девизните трансакции, иако тоа создава други предизвици. Во моментов пазарната капитализација на „Litecoin“ е околу 1,3 милијарди долари.

„Ethereum“

„Etherеum“, воведена во 2015-та година, е втората по големина криптовалута по пазарна капитализација по биткоинот. Сепак, таа е прилично поинаква, бидејќи „Etherеum“ им овозможува на програмерите да градат и имплементираат децентрализирани апликации, а во исто време овозможува т.н. „Паметни договори“ (smart contracts). Токените се користат за напојување на мрежата, и се нарекува „Ether“, но тие исто така може да се тргуваат онлајн. Во моментов пазарната капитализација на „Ethereum“ изнесува околу 15,4 милијарди долари.

„Ripple“

„Ripple“ е валута на „Ripple Protocol“ – поширока категорија за глобална берза со отворен код. Таа веќе се користи од банки како „Santander“, „Bank of America Merrill Lynch“, „UBS“ и „RBC“. Валутата решава различен проблем од биткоинот, овозможувајќи да се регулираат плаќања меѓу различни валути и дури и различни системи на плаќања. Во моментов пазарната капитализација на „Ripple“ е околу 10,9 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП